Шаќири: Бев несреќен во Минхен

Шаќири: Бев несреќен во Минхен

Милано, 15 јануари 2015 (МИА) - Досегашниот напаѓач на Баерн Минхен, Џердан Шаќири изјави дека бил несреќен во Минхен поради малата минутажа што ја добиваше од тренерот пеп Гвардиола.

Тој во Минхен пристигна 2012 година, но не успеа да се избори за место во првите единаесет.

- Не бев задоволен во Баерн. Сакам да играм поради тоа што само така можам да покажам колку вредам. Научив многу нешта во мојот претходен клуб каде играв со големи фудбалски имиња. Се надевам дека тоа искуство ќе ми користи во Интер, истакна засилувањето на „неро-азурите“.

23-годишниот Шаќири има желба со Интер да освои многу трофеи и додаде дека е подготвен да одговори за која било  позиција што ќе му ја одреди тренерот Роберто Манчини. зс/ссм/20:07

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...