Македонија без странци во претквалификациите за СП 2019

Македонија без странци во претквалификациите за СП 2019

Скопје, 20 ноември 2017 (МИА) - Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Јорданчо Давитков денеска во СЦ „Јане Сандански“ прозиваше на првиот тренинг во пресрет на претквалификацискиот циклус за СП 2019, на кој се појавија 15 репрезентативци.

Од првиот тренинг отсуствуваше Ѓорѓи Чековски кој синоќа заработи повреда на натпреварот меѓу Работнички и Гостивар додека Бојан Трајковски замина кратко по појавувањето и нема да биде на располагање за натпреварите со Словачка и Швајцарија исто така поради повреда.

- Ќе видиме каква е повредата на Чековски, па ќе решиме што и како со неговиот статус во репрезентацијата, а дефинитивно ќе играме без странец. За Трајковски, пак, знам дека треба да биде во екипата, а зошто не тренира сега навистина не знам. Ќе видиме деновиве каква ќе биде ситуацијата поврзана со него. Репрезентацијата ќе биде подмладена, со играчи кои во иднина ќе треба да бидат во улога на лидери, изјави Давитков.

Македонија на 23 ноември ќе и гостува на Словачка, а на 26 е домаќин на Швајцарија. зс/12:32

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.