Давитков: Во Словачка одиме психолошки неоптоварени

Давитков: Во Словачка одиме психолошки неоптоварени

Скопје, 22 ноември 2017 (МИА) – Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Јорданчо Давитков пред денешното заминување за Словачка каде неговите избраници ги очекува дуел од претквалификациите за Евробаскет 2021, рече дека психолошкиот притисок треба да е кај противникот.

- Репрезентацијата е подмладена со играчи кои ќе бидат идните лидери на оваа селекција. Словачка ни е сериозен противник, со двајца Американци. Ќе се обидеме да го извлечеме најдоброто што го можеме. Во секој случај ќе имаме поголеми проблеми со надворешните линии, имаат двајца Американци кои се одлични шутери, со нивните високи играчи – и не толку. Не гледам некој посебен психолошки притисок, Словачка во февруари треба да дојде во Скопје. Ќе видиме, притисокот повеќе треба да биде кај нив. Ние ќе се обидеме да изиграме и да го извадиме најдобро од нас, вели селекторот Давитков за нашиот прв противник во овој прозорец.

Вторпат оваа календарска година нашите сениорски репрезентативци заминуваат за Словачка. Летото еднаш загубија, а вториот натпревар не се доигравме поради нееднаков аршин на судиските арбитри.

Македонската експедиција со авион оди кон Братислава, вечер треба да пристигне во Попрад каде утре од 18 часот ќе се игра натпреварот. зс/15:00

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.