Пасторе блиску до трансфер во Рома

Пасторе блиску до трансфер во Рома

Рим, 20 јуни 2018 (МИА) – Фудбалерот за врска од Пари Сен Жермен, Хавиер Пасторе е близу до премин во Рома. Според италијанските медиуми, римскиот калчолигаш ќе плати 24 милиони евра за Аргентинецот.

Пасторе за ПСЖ има одиграно 269 натпревари, постигнато 45 гола и остварено 62 асистенции.

28-годишниот аргентински фудбалер веќе играше во Италија за Палермо од 2009 до 2011 година. зс/07:49

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.