Марсело се збогуваше со Роналдо

Марсело се збогуваше со Роналдо

Мадрид, 12 јули 2018 (МИА) – Фудбалерот на Реал, Марсело, преку социјалните мрежи се збогуваше со Кристијано Роналдо кој следната сезона ќе настапува за Јувентус.

- Кој би помислил, Криш! Време е да се каже збогум ... Се колнам, не мислев дека ќе дојде овој ден. Но, ништо во овој живот не трае вечно. Се надевам дека ќе бидеш среќен во новата средина. Поминавме скоро 10 години, 10 години радост и добар фудбал, победи и порази, прекрасни моменти! Научив многу од тебе, стои во обраќањето на Марсело.

Бразилецот ја нагласува посветеноста на Роналдо кон фудбалот, но го истакнува и неговиот карактер.

- Твојата посветеност е најневеројатно нешто што сум го видел во спортот. Нема д аго заборавам начинот на кој нè инспирираше пред финалето на ЛШ, како комуницираше со младите играчи. Горд сум што сум играл со тебе. Но, не затоа што си најдобар фудбалер, туку затоа што си одлична личност. Кога ќе ја завршам мојата кариера, ќе седам во бар и ќе ги покажам сите наши фотографии. Ти посакувам најдобро, му порача Марселона на својот поранешен соиграч. зс/12:53

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Олег Сенцов стана почесен граѓанин на Париз

Украинскиот филмски режисер осуден на 20 години за...

Британски математичар тврди дека пронашол решение за проблем стар 160 години

Еден од најистакнатите британски математичари, Мај...

Познатиот професионален убиец на ТВ-екраните стана модна икона

Ѕвездата од новата ТВ-серија „Убиствената Ив“, ист...

Премиерката на Нов Зеланд и нејзиното бебе - хит во ОН

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, која ов...

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...