• A-
  • A
  • A+
среда, 26 септември 2018, 

Олимпик Марсеј се соочува со едногодишна суспензија поради навивачите

Олимпик Марсеј се соочува со едногодишна суспензија поради навивачите

Марсеј, 25 јули 2018 (МИА) - На Олимпик Марсеј му се заканува едногодишна суспензија од европските натпреварувања, доколку однесувањето на неговите навивачи не се подобри.

Европската фудбалска унија соопшти дека францускиот клуб првиот натпревар во Лига Европа на домашен терен ќе го игра без навивачи и дека ќе плати казна од 100.000 евра.

Олимпик Марсеј е казнет за безредијата што ги предизвикаа неговите навивачите на натпреварите од Лига Европа против Лајпциг и Салцбург. Воедно на клубот од Марсеј му е наложено да стапи во контакт со Олимпик Лион и да се договори околу надоместот на штетата предизвикана од навивачите.

Од УЕФА наведуваат дека суспензијата е условна во следните две години и дека може да биде активирана доколку навивачите предизвикаат нови инциденти.

Освен Марсеј, за однесувањето на навивачите казна од 8.000 евра доби и Ливерпул, кои на „Енфилд“ во полуфиналето oд Лигата на шампионите против Рома палеа факели и фрлаа разни предмети на теренот. дб/цч/20:57

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Кина ќе ги проучува поларните области на Месечината

Кина има намера до 2030 да испрати апарат кој ќе г...

Казна за непристојните во градскиот превоз

Многумина, поготово момчињата имаат навика во авто...

Мел Гибсон снима преработка на „Дивата орда“

Познатиот глумец и режисер Мел Гибсон ја подготвув...

Почина уште еден актер од серијата „Синови на анархијата“, втор во три месеци

Глумецот Пол Џон Васкез, кој е познат по улогата в...

Вили на Босфорот се продаваат за цени и до 100 милиони долари

Шеесет луксузни вили на Босфорот, т.е. во Истанбул...