• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Марсело изненаден од Лопетеги

Марсело изненаден од Лопетеги

Мадрид, 27 август 2018 (МИА) – Бразилецот од Реал Мадрид, Марсело е изненаден од одлуката на тренерот Хулен Лопетеги да го извади од игра во 60. минута на синоќешното гостување кај Џирона.

- Не очекував да бидам изваден од игра по само 60 минути. Подготвен сум 100 отсто за цел натпревар. Сепак таква одлука донесе тренерот и јас ја почитувам, изјави Марсело.

Тој беше заменет со Варан, а образложение на Лопетеги е дека сакал да ја засили скок играта на страната каде дејствува Марсело.

Реал ја победи Џирона со 4:1 со пресврт откако први во водство дојдоа домаќините. зс/08:42

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.