Нејмар му подари на Леброн дрес од ПСЖ

Нејмар му подари на Леброн дрес од ПСЖ

Париз, 31 август 2018 (МИА) – Францускиот фудбалски шампион Пари Сен Жермен на својот Твитер профил објави фотографија на ѕвездата на тимот Нејмар со четирикратниот МВП во НБА лигата Леброн Џејмс. Бразилецот му подари на 33-годишниот кошаркар дрес од ПСЖ со бројот 23.

За потсетување, ова лето Леброн се пресели од Кливленд во Лос Анџелес Лејкерс потпишувајќи четиригодишен договор за 154 милиони долари. зс/07:34

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.