• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Меси прв до 150 асистенции во Ла Лига во 21. век

Меси прв до 150 асистенции во Ла Лига во 21. век

Барселона, 3 септември 2018 (МИА) – Капитенот на Барселона, Лионел Меси, во натпреварот од третото коло Шпанското првенство одигран вчеравечер на „Камп Ноу“ постигна два гола и запиша две асистенции.

Натпреварот заврши со побед ана каталонците од 8:2, а Меси стана првиот фудбалер со остварени 150 асистенции во 21. век во Ла Лига.

Најблиску до ова остварување на Аргентинецот од активните играчи во најсилните пет европски лиги е Цеск Фабрегас од Челзи со 143 додавања по кои бил постигнат гол.

Хуеска е 37 екипа во Ла Лига против која Лионел Меси постигнал гол и е прв и во статистичката категорија. зс/08:37

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.