• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Маркизио од Јувентус замина во Зенит

Маркизио од Јувентус замина во Зенит

Санк Петербург, 4 септември 2018 (МИА) - Италијанскиот фудбалер Клаудио Маркизио потпиша двегодишен договор со Зенит од Санкт Петербург.

Маркизио неодамна ја прекина соработката со матичниот клуб Јувентус и го напушта Торино по 25 години, по што одлучи да прифати понуда на рускиот клуб.

32-годишниот фудбалер го избра Зенит пред бројни понуди кои доаѓаа од клубови како Пари Сен Жермен, Монако, Ница и Монтреал.

Со исклучок на една сезона одиграна како позајмен во Емполи, Маркизио целата своја кариера ја помина во Јувентус. зс/11:00

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.