Мурињо се согласи да плати казна за спорот со даночната служба на Шпанија

Мурињо се согласи да плати казна за спорот со даночната служба на Шпанија

Мадрид, 4 септември 2018 (МИА) - Тренерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, постигна договор со даночната служба на Шпанија, која го теретеше за затајување данок.

Како што е наведено во „Ел Мундо Депортиво“ Португалецот е обвинет за финансиска измама извршена во 2011 и 2012 година, кога го предводеше Реал Мадрид.

Според изворот, Мурињо признал прекршоци и се согласил да плати парична казна од 670 илјади евра.

По ова се очекува случајот против португалскиот тренер да биде затворен и со тоа тој избегна евентуална затворска казна. зс/10:50

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.