• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Суарез: Кога нема да бидам на нивото на Барселона, ќе заминам

Суарез: Кога нема да бидам на нивото на Барселона, ќе заминам

Барселона, 5 септември 2018 (МИА) - Напаѓачот на Барселона, Луис Суарез изјави дека ќе го напушти тимот кога ќе сфати дека повеќе нема да може да одговори на задачите. Според Уругвајскиот, така е фер кон клубот.

- Големите играчи како Чави и Иниеста не можеа да ги завршат своите кариери во каталонскиот клуб, бидејќи тоа е тешко. Кога повеќе нема да одговарам на нивото на Барселона и јас ќе го сторам тоа. Ова е нормално однесување. Барселона е клуб за кој мечтаат многу фудбалери и секој што ќе ја добие довербата мора да ја оправда. Јас секогаш ќе се обидувам да играм максимално, изјави Суарез.

Тој се осврна и на минатата сезона и рече дека не може да ја заборави елиминацијата од Рома во Лигата на шампионите.

- Се уште жалам за поразот во Рим (3:0). Според мене, причина за тоа е мечот со Леганес што го игравме три дена претходно. Имавме комотна позиција на врвот во Ла Лига и мислам дека не требаше да играм 90 минути на тој меч за да бидам одморен со Рома, нагласи Суарез.

Уругвајскиот репрезентативец во Барселона е од 2014 година. Претходно настапуваше за Ливерпул, Ајакс, Гронингем и Насионал. зс/09:31

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...