Берлускони и Галијани ја преземаат Монца

Берлускони и Галијани ја преземаат Монца

Монца, 5 септември 2018 (МИА) - Легендарниот тандем на Милан, Силвио Берлускони и Адриано Галијани, од времето кога „Росонерите" беа пет пати шампиони на Европа, повторно можеа да се вратат во фудбалот и да го преземат италијанскиот третолигаш Монца, објави италијанскиот Скај Спорт.

Како што е наведено, тие разговарале со семејството Колумбо за купување на клубот кој минатата сезона беше елиминиран во плеј-офот за влез во Серија Б.

Минатата година, по три децении во Милано, Берлускони одлучи да го продаде Милан на кинески инвеститори, а неговата десна рака Галијани набрзо тргна по неговиот пат. зс/11:18

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ