• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Ангеловски и Пандев оптимисти пред дуелот со Гибралтар

Ангеловски и Пандев оптимисти пред дуелот со Гибралтар

Гибралтар, 5 септември 2018 (МИА) – Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски и капитенот Горан Пандев очекуваат успешен стар со победа во новото УЕФА натпреварување – Лига на Нации.

„Црвено-жолтите“ утре играат со Гибралтар на гостински терен.

- Ги реализиравме подготовките за натпреварот против Гибралтар. Се навикнавме на временските услови и на условите за игра, пред се на теренот. Верувам во моите фудбалери и убеден сум дека ќе оствариме позитивни резултати. Нема да експериментираме со тимот, ќе настапат најдобрите. Верувам дека сите ќе имаат вистински пристап и со победа ќе започнеме во ова натпреварување, изјави Ангеловски на денешната прес-конференција.

Пандев апелира во никој случај да не се потценува противникот.

- Играме со репрезентација која не е многу позната. Во минатото можеби сме имале проблеми со ваков тип на селекции и затоа треба да влеземе многу сериозно. Играме на мал стадион со вештачка трева, но оваа генерација на македонски фудбалери е една од најдобрите во историјата. Фаворити сме и подготвувани за победа, потенцира Пандев.

Натпреварот се игра утревечер со почеток во 20 часот и 45 минути. зс/13:47

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.