Таки Џиков добитник на наградата „8 Септември“ за животно дело

Таки Џиков добитник на наградата „8 Септември“ за животно дело

Скопје, 5 септември 2018 (МИА) – Професорот Таки Џиков е добитник на наградата „8 Септември“ за животно дело за исклучителен придонес во спортот, соопштено е на денешната прес-конференција во Агенцијата за млади и спорт (АМС).

Џиков е освојувач на петто и седмо место на младински европски шампионати 1975, 1977; Сениорско Европско првенство, 1979 трето место, Париз Франција; шесто место на Олимписки игри 1980, Москва; Медитерански игри Сплит 1979, прво место и огромен број на остварувања на клупски и екипен план.

- Државната награда „8 Септември“ претставува благодарност од страна на државата до сите оние кој преку спортот успеаја да ја промовираат Република Македонија и да постигнат високи резултати на меѓународно ниво во има на нашата држава. Членовите на Одборот за доделување на државната награда оваа година имаа и тоа како тешка задача со оглед на големиот број апликации и големите резултати на нашите спортски работници, изјави Дарко Каевски, директор на Агенцијата за млади и спорт.

Другите четири награди „8 Септември“ со кои се оддава признание на спортисти, тренери, спортски работници се за: Ристо Таков тренер во борење, Сашко Арсовски карате тренер, Владимир Радиќ ракометен тренер и Стеван Гешовски поранешен кошаркар и тренер.

- Секогаш имаме тешка задача. На најчесен, достоинствен начин се одлучивме кои ќе бидат добитниците на наградата. Сите во Одборот ги почитувавме морални вредности, интегритетот, достоинството и можам да кажам дека со крената глава го направивме изборот, рече Ленче Алексовска Величковска, претседател на од Одборот за доделување на награди при АМС.

Наградата за животно дело е доживотна месечна исплата на една просечна плата,  додека другите четирите награди се десет просечни плати исплатени во последните три месеци од тековната година.

Наградите на добитниците ќе им бидат врачени в сабота на 8. септември во Собранието на Република Македонија со почеток во 10:30 часот. зс/14:20

###



Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...