• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Тим: Не заслужив да загубам

Тим: Не заслужив да загубам

Њујорк, 5 септември 2018 (МИА) - Австралискиот тенисер Доминик Тим оцени дека само еден поен бил пресуден за неговиот пораз против шпанскиот тенисер Рафаел Надал во четвртфиналниот натпревар на Ју-Ес опен.

Надал го совлада Тим по речиси пет часа игра во пет сета со резултат 0:6, 6:4, 7:5, 6:7 (4:7), 7:6 (7:5).

- Ќе го паметам овој натпревар. Тенисот понекогаш знае да биде суров. Мислам дека не заслужив да го загубам овој натпревар. Меѓутоа, некој мораше да биде поразен. Надал е одличен играч и му посакувам да ја освои титулата, истакна Тим.

Надал изјави дека победата и пласманот во полуфиналето многу му значат, но дека воедно му е жал за елиминацијата на Тим.  

Противник на Надал во полуфиналето ќе биде аргентинскиот тенисер Хуан Мартин дел Потро. дб/ми/16:44

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ