СЕХА лига: Металург претрпе пораз на гостувањето кај Мешков Брест

СЕХА лига: Металург претрпе пораз на гостувањето кај Мешков Брест

Брест, 5 септември 2018 (МИА) - Металург претрпе убедлив пораз од 41:29 на гостувањето кај Мешков Брест во второто коло од регионалната СЕХА лига.

Ракометарите на Металург во првото полувреме му беа рамноправен противник на белорускиот тим, а на средината од првиот дел имаа и водство.

Домаќините на неколку минути до паузата стигнаа до израмнување и успееа да направат пресврт, а на полувремето заминаа со предност од 17:15.

Во вториот дел забележлив беше падот во играта на Металург, а домаќините ги искористија грешките на македонскит тим и постојано ја зголемуваа предноста, а на крајот остварија убедлива победа со 12 гола разлика.

Металург на овој натпревар настапи во ослабен состав без капитенот Филип Кузмановски, кој чека раскин на договорот и не отпатува со тимот на гостувањето во Белорусија, и без повредениот Мартин Велковски.

За тимот од Автокоманда ова е втор пораз сезонава во СЕХА лига. дб/мд/19:16

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Премиерката на Нов Зеланд и нејзиното бебе - хит во ОН

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, која ов...

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...