• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Милман: Мора да го одиграм најдобриот натпревар за да го победам Ѓоковиќ

Милман: Мора да го одиграм најдобриот натпревар за да го победам Ѓоковиќ

Њујорк, 5 септември 2018 (МИА) – Австралискиот тенисер Џон Милман изјави дека ќе мора да го одигра најдобриот натпревар во кариерата доколку сака да го победи српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и да се пласира во полуфиналето на Ју-Ес опен.

- Може да звучи здодевно, но морам да ја контролирам својата страна на теренот. Потребно е грешките да ги сведам на минимум и да ја користам секоја можност, ако сакам да го загрозам на било кој начин. Немам илузии, мора да го одиграм најдобриот натпревар ако сакам да го победам Ѓоковиќ. Тој е физички подготвен и ќе ја искористи секоја можност, истакна Милман.

За 29-годишниот австралиски тенисер ова е прво четвртфинале на Гренд слем во неговата кариера. Тој го направи досега најголемото изненадување на Ју-Ес опен откако по три и пол часа игра во осминафиналето го совлада фаворизираниот швајцарски тенисер Роже Федерер. дб/цч/20:35

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...