• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Иско: Роналдо не му недостасува на Реал Мадрид

Иско: Роналдо не му недостасува на Реал Мадрид

Мадрид, 6 септември 2018 (МИА) - Иско изјави дека носителот на „Златната топка“, Кристијано Роналдо, воопшто не му недостасува на Реал Мадрид, и дека не жали за заминувањето на Роналдо во Јувентус за 117 милиони евра бидејќи веќе има кој да го замени.

- Кристијано е фантастичен фудбалер, тој дава 40-50 голови по сезона. Во моментов играме одлично, оние кои минатата сезона малку погодуваа сега го прават тоа многу почесто, рече Иско.

Интересно е дека Роналдо се уште не се запишал во листата на стрелците на официјален натпревар на Јувентус.

- Ни оди добро без Роналдо. Му посакувам се најдобро во Италија, додаде Иско. Реал ја започна сезоната во Примера со три победи и има гол разлика од 10:2, а тимот претрпе и пораз 4:2 од Атлетико за Суперкуп трофејот на УЕФА. вз/цч/16:02

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...