• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Лев и Лам ќе работат заедно за Германија да го добие ЕП 2024 година

Лев и Лам ќе работат заедно за Германија да го добие ЕП 2024 година

Берлин, 6 септември 2018 (МИА) - Селекторот на германската фудбалска репрезентација Јоаким Лев и капитенот од Светското првенство во 2014-та година во Бразил - Филип Лам ќе ги здружат силите за да не се дозволи нов неуспех на земјата на фудбалско поле.

На 27 септември ќе биде претставена финалната верзија на кандидатурата на Германија за домаќин на Европското првенство во 2024-та година, а двајцата ќе бидат на подиумот како дел од штабот на комитетот.

Германците ќе гостуваат во седиштето на УЕФА во Нион и ќе имаат презентација на кандидатурата пред шефовите на Европскиот фудбал.

Потоа се очекува да биде објавен и датумот на кој 17-те члена на Извршниот комитет на УЕФА ќе направат свој избор. Конкурент на Германија ќе биде Турција, која се обидува по третпат да го организира шампионатот.

- Германскиот фудбалски сојуз досега направи сè што е потребно за да биде успешна нашата кандидатура. Не можам да се заколнам дека ќе победиме, но ќе бидам многу среќен ако тоа се случи. Веќе видовме што нѝ донесе Светското во 2006 и знаеме колку овој шампионат ќе биде важен за германскиот фудбал, рече Лев.

Селекторот зборуваше на темата часови пред натпреварот против Франција на турнирот на Лигата на нациите.

Синоќа, пак, беше приредена гала-вечера за фудбалерите, кои ги освоиле европските титули во 1972-та, 1980-та и 1996-та година.

- Се сеќавам многу добро на турнирот во 2006-та година и што значеше за секој обичен човек да има такво првенство буквално пред прагот, додаде Филип Лам. Тој треба да стане претседател на организацискиот комитет, ако Германија ја добие организацијата. вз/ссм/16:43

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ