Бускетс се договори со Барса и доби клаузула од 500 милиони евра

Бускетс се договори со Барса и доби клаузула од 500 милиони евра

Барселона, 6 септември 2018 (МИА) - Играчот од средниот ред на Барселона Серхио Бускетс ќе го продолжи договорот со клубот во блиска иднина, објави „Мундо Депортиво“.

Раководството на Каталонците преговараше со 30-годишниот Шпанец за новиот договор во текот на летните месеци.

Според условите на договорот, клаузулата за откуп на халфот се зголемува од 200 на 500 милиони евра. Неговата годишна плата исто така ќе се зголеми.

Бускетс игра за Барселона од 2008 година и освои седум трофеи во Шпанија и три пати во Лигата на шампионите. вз/цч/20:13

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...