• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Лига на нации: Македонија го совлада Гибралтар

Лига на нации: Македонија го совлада Гибралтар

Гибралтар, 6 септември, 2018 (МИА) - Репрезентацијата на Македонија го совлада Гибралтар на гости со 0:2 (0:2) во првиот натпревар од групата 4 на Лигата на нациите.
 
Иван Тричковски донесе водство за „црвено-жолтите“ во 19-тата минута по асистенцијата на фудбалерот на Спортинг Лисабон, Стефан Ристовски.
 
Езџјан Алиоски го удвои водството во 35-тата минута по корнер на Енис Барди од десната страна.
 
Во второто полувреме нашата репрезентација ја контролираше играта, но не создаде посериозна шанса и до трет гол така и не дојде.
 
Следниот дуел го играме за три дена против Ерменија во Скопје. вз/зс/22:40

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ