• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Серена по пласманот во финалето: Веќе се чувствувам како победник

Серена по пласманот во финалето: Веќе се чувствувам како победник

Њујорк, 7 септември 2018 (МИА) - Американката Серена Вилијамс ја победи Анастасија Севастова во два сета и ќе се бори за титулата на Ју Ес Опен. 
 
Таа го пропушти минатогодишниот Гренд слем во Њујорк поради раѓањето на ќерката Олимпија, а по пласманот во финалето изрази благодарност и рече дека веќе се чувствува како победник, без разлика на исходот.
 
- Тоа е навистина неверојатно. Пред една година буквално се борев за мојот живот во болницата по моето раѓање. Секој ден излегувам на теренот и сум толку благодарна што можам да го играм овој спорт. Без разлика што ќе се случи во финалето, јас веќе се чувствувам како победник, рече Серена Вилијамс по мечот.
 
Американката ќе го одигра своето 31-во финале во Гренд слем турнир. вз/10:01

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Kолумбиjа затвори музеј на Пабло Ескобар

Колумбискиот град Меделин, во соработка со миграци...

Во Лас Вегас се отвора музеј на марихуаната

Музеј на марихуаната денеска ќе биде отворен во „г...

Ким Џонг-ун му подари два тона печурки на својот јужнокорејски колега

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, му подари ...

Брус Гринвуд ќе глуми во продолжението на „Сјаење"

Холивудскиот ветеран Брус Гринвуд ќе има своја уло...

Истражувачите поблиску до конечно лоцирање на бродот на капетан Џејмс Кук

Потрагата по кобното место за „Ендивор“ - бродот н...