• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Перез: Интер сакаше да го земе Модриќ без пари

Перез: Интер сакаше да го земе Модриќ без пари

Мадрид, 7 септември 2018 (МИА) - Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез изјави дека од Интер сакале да го земат Лука Модриќ без пари.
 
- Никогаш порано не сум видел тим да сака да го купи нашиот број 10 без да ни плати. Ова ми се случува првпат во животот, прокоментира Перез во интервју за радио „Кадена Копе“.
  
Перез обвини дека раководството на Интер е во преговори со Лука Модриќ, без дозвола на европскиот клупски шампион.
 
ФИФА на крајот одлучи да не го казни Интер. вз/12:47

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.