Ла Лига ќе земе 200 милиони евра од натпреварите во САД

Ла Лига ќе земе 200 милиони евра од натпреварите во САД

Мадрид, 7 септември 2018 (МИА) - Натпреварот од шпанското првенство меѓу Жирона и Барселона 90 отсто ќе се одигра во САД, изјави шефот на Ла Лига, Хавиер Тебас. Тој откри дека лигата ќе заработи 200 милиони евра од натпреварите во Северна Америка.

- Жирона - Барселона 90 отсто ќе се одигра во САД, но договорот не е само за еден натпревар. Станува збор за проект кој е многу поголем, коментира Тебас во интервју за радио „Онда Черо“.

Ла Лига потпиша 15-годишен договор со американска компанија „Релевант“.

- Организиравме аукција во која учествуваа многу компании. Од клубовите не се бара да играат еден натпревар годишно во САД. Само тимовите кои имаат желба ќе учествуваат во овие натпревари. Но, тоа е повеќе од еден натпревар. Станува збор за стратегија и спонзорство, додаде шефот на Ла Лига.

Тебас потврди дека дуелот меѓу Жирона и Барселона ќе се игра на „Хард Рок“ стадионот во Мајами, кој е со капацитет од 65 илјади места. вз/14:57

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Мел Гибсон снима преработка на „Дивата орда“

Познатиот глумец и режисер Мел Гибсон ја подготвув...

Почина уште еден актер од серијата „Синови на анархијата“, втор во три месеци

Глумецот Пол Џон Васкез, кој е познат по улогата в...

Вили на Босфорот се продаваат за цени и до 100 милиони долари

Шеесет луксузни вили на Босфорот, т.е. во Истанбул...

Со масло за јадење бркале зли духови од музеј

Суд во Атина осуди две бугарски државјанки на чети...

Меган Маркл во живанши-тоалета од 2.510 фунти

На традиционалната средба со припадници на маорска...