• A-
  • A
  • A+
вторник, 18 септември 2018, 

Дел Потро: Дома се радувам на трофејот од Ју-Ес опен

Дел Потро: Дома се радувам на трофејот од Ју-Ес опен

Њујорк, 7 септември 2018 (МИА) – Аргентинскиот тенисер Хуан Мартин дел Потро изјави дека со нетрпение го очекува натпреварот против Рафаел Надал за пласман во финалето на Ју-Ес опен.

Дел Потро досега само еднаш го има освоено тениското првенство на САД, и тоа во 2009 година кога во финалето го победи Роже Федерер.

- Дома се радувам кога ќе го погледнам пехарот. Не знам дали можам да освојам уште еден, но ќе дадам се од себе, истакна Дел Потро.

Неговиот ривал во полуфиналето Надал е актуелен најдобар тенисер во светот, но воедно и бранител на титулата на Ју-Ес опен.

- Задоволен сум како играм во текот на целиот турнир. Тоа ќе биде тежок натпревар. Меѓутоа, ќе имам можност да играм со најдобриот во светот, истакна аргентинскиот тенисер.

Надал на 16-те меѓусебни натпревари со Дел Потро беше подобар на 11. дб/цч/15:46

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.