• A-
  • A
  • A+
вторник, 18 септември 2018, 

Сане си замина од кампот на германската фудбалска репрезентација

Сане си замина од кампот на германската фудбалска репрезентација

Минхен, 7 септември 2018 (МИА) - Фудбалерот Лирој Сане си замина од кампот на германската фудбалска репрезентација во Минхен поради приватни причини.

Наводно според англиските медиуми Сане се враќа во Манчестер, бидејќи неговата сопруга е пред пораѓање и фудбалерот сакал да биде со неа во деновите кои доаѓаат. Тој разговарал со селекторот Јоаким Лев, по што заклучиле дека е најдобро да ја напушти репрезентацијата. 

Германскиот фудбалер има проблеми со малата минутажа во репрезентација. Тој синоќа настапи на натпреварот против Франција пред самиот крај во 83-та минута, а претходно селекторот Лев го изостави за Светското првенство во Русија.

Од друга страна, Сане има проблеми и во неговиот клуб Манчестер сити, каде сезонава одигра само 30 минути. Тој не е повикан за натпреварот со Њукасл во четвртото коло од Премиер лигата, а како причина за санкцијата тренерот Пеп Гвардиола ги наведе недисциплината и слабото залагање на тренинзите. дб/цч/20:52

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.