Македонија У-21 поразена од Србија

Македонија У-21 поразена од Србија

Нови Сад, 7 септември 2018 (МИА) - Македонската репрезентација за фудбалери до 21 година загуби со 2:1 на гостувањето кај Србија во квалификациите за пласман на ЕП 2019 во Италија.

Домаќините во 28-та минута дојдоа до водство со гол од пенал кој го реализираше Иван Шапоњиќ, а за Македонија израмни Тихомир Костадинов во 64-та минута. Србија до победата стигна во 80-та минута преку Филип Ступаревиќ.

На овој натпревар официјално дебитираше новиот селектор Добринко Илиевски, а Македонија со овој пораз останува на дното со само три освоени бода. Следниот натпревар Македонија го игра против Ерменија во вторник во Скопје. дб/бк/21:49

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Дени де Вито на фестивал во Шпанија добитник на наградата за животно дело на

Американскиот актер Дени де Вито е добитник на наг...

Порномодел ги продава старите силикони за да си купи нови

Британскиот порно модел Тејлор Роуз ги постави сво...

Ел Макферсон во врска со разведен татко на четири деца

Светски познатиот модел Ел Макферсон која неодамна...

Емилија Кларк на невообичаен начин се опрости од серијата „Игра на тронови“

Британската актерка Емилија Кларк на невообичаен н...