• A-
  • A
  • A+
среда, 26 септември 2018, 

Врачена државната награда „8 Септември“

Врачена државната награда „8 Септември“

Скопје, 8 септември 2018 (МИА)  - Државната награда „8 Септември“ за животно дело и признанија за високи остварувања во областа на спортот денеска беа врачени во Собранието на Република Македонија. 

Таки Џиков, кој речиси половина век е во спортот, на разнии функции, а најмногу во одбојката, е добитник на годинашната државна награда за животно дело „8 Септември“, која по седми пат ја доделува Агенцијата за млади и спорт.

Признанија за остварувања во областа на спортот добија Стефан Гешовски-кошарка, Сашко Арсовски-карате, Владимир Радиќ-ракомет и Ристо Таков-борење. 

Наградата на Таки Џиков му ја додели директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски и изрази честитки до сите наградени. 

Џиков им го честита празникот 8 Септември на сите граѓани и нагласи дека на државата и е потребна нова стратегија како да се создадат нови, квалитетни, стручни кадри кои ќе го доближат спортот до младите и тој да стане нивно секојдневие.

Смета дека преку спортот младите ќе се дистанцираат од пороците и оти на тој начин се создаваат здрави и млади генерации кои и се потребни на државата. 

На доделувањето на наградите присуствуваа спортисти, тренери, претставници од спортските федерации...мд/ сд/12:08

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Кина ќе ги проучува поларните области на Месечината

Кина има намера до 2030 да испрати апарат кој ќе г...

Казна за непристојните во градскиот превоз

Многумина, поготово момчињата имаат навика во авто...

Мел Гибсон снима преработка на „Дивата орда“

Познатиот глумец и режисер Мел Гибсон ја подготвув...

Почина уште еден актер од серијата „Синови на анархијата“, втор во три месеци

Глумецот Пол Џон Васкез, кој е познат по улогата в...

Вили на Босфорот се продаваат за цени и до 100 милиони долари

Шеесет луксузни вили на Босфорот, т.е. во Истанбул...