• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Натпревар во играње табла во Кавадарци

Натпревар во играње табла во Кавадарци

Кавадарци, 8 септември 2018 (МИА) - Натпревар во играње табла по 16 пат се реализира во Кавадарци, во рамки на манифестацијата „Тиквешки гроздобер“.

- Годинава имаме рекорд во интересот за одмерување на силите во оваа древна игра. Се натпреваруваат 56 играчи на табла од повеќе општини. Наша цел е во иднина натпреварот да прерасне во меѓународен, рече Филип Тасев, кој е дел од организацијата на таблијадата. 

Меѓу натпреварувачите има и млади и стари, а меѓу нив се и три жени.

Седумнаесетгодишната Благојка Стојанова од Велес откри за МИА дека почнала да игра табла во друштво, а во Кавадарци дошла да биде дел од настанот и да си ги одмери силите во играње табла со останатите натпреварувачи. свд/мд/13:35

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ