• A-
  • A
  • A+
среда, 26 септември 2018, 

Џон Тери ќе ја продолжи кариерата во Спартак Москва

Џон Тери ќе ја продолжи кариерата во Спартак Москва

Москва, 8 септември 2018 (МИА) - Легендарниот англиски фудбалер Џон Тери денеска ги помина медицинските прегледи во Спартак од Москва и наскоро ќе потпише едногодишен договор со рускиот клуб.

Иако се очекуваше тој да стави крај на фудбалската кариера или последните сезони да ги помине во Кина или САД, сепак 37-годишниот фудбалер направи неочекуван чекор и ќе се впушти во прва интернационална авантура.

Тери во Москва доаѓа како замена на Самуел Жиго, кој поради тешка повреда ја заврши сезоната.

Спартак минатата сезона заврши на третата позиција во руското првенство, а сезонава се натпреварува и во Лига Европа.

За Тери рускиот клуб ќе биде само трет во неговата кариера по Челзи и Астон Вила.дб/18:28

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Кина ќе ги проучува поларните области на Месечината

Кина има намера до 2030 да испрати апарат кој ќе г...

Казна за непристојните во градскиот превоз

Многумина, поготово момчињата имаат навика во авто...

Мел Гибсон снима преработка на „Дивата орда“

Познатиот глумец и режисер Мел Гибсон ја подготвув...

Почина уште еден актер од серијата „Синови на анархијата“, втор во три месеци

Глумецот Пол Џон Васкез, кој е познат по улогата в...

Вили на Босфорот се продаваат за цени и до 100 милиони долари

Шеесет луксузни вили на Босфорот, т.е. во Истанбул...