Млад хрватски кикбоксер почина на турнир во БиХ

Млад хрватски кикбоксер почина на турнир во БиХ

Сараево, 9 септември 2018 (МИА) - Млад хрватски кикбоксер почина за време на турнир во Босна и Херцеговина.

Станува збор за 16-годишно момче од Славонски Брод, кое на натпреварот добило силен удар под ребрата. Toј иако паднал, сепак ја продолжил борбата.

На излегување во ходникот од салата му се слошило и по укажаната прва помош веднаш бил префрлен во болница.

И покрај обидите за реанимација момчето им подлегнало на повредите. дб/гт/14:00

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ