Довициозо победи на трката во Сан Марино

Довициозо победи на трката во Сан Марино

Сан Марино, 9 септември 2018 (МИА) - Возачот на Дукати, Андреа Довициозо, победи на трката за Големата награда на Сан Марино, што се возеше на патеката „Мизано“ во рамки на Мото ГП шампионатот.

Италијанецот стартуваше како четврти, но по неколку кругови го презеде водството и го задржа до самиот крај за радост на домашната публика.

Марк Маркез од Репсол Хонда со три секунди задоцнување заврши на втората позиција, а трет беше Кал Крачлоу од ЛЦР Хонда.

За Довициозо ова беше трета победа сезонава или вкупно 20 во кариерата.

Маркез со 221 бод се уште е лидер во генералниот пласман, а Довициозо е втор со 154 бодови.

Следната трка се вози во Шпанија за Големата награда на Арагон. дб/гт/16:16

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ