• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Мајкл Џонсон закрепнува од мозочен удар

Мајкл Џонсон закрепнува од мозочен удар

Њујорк, 9 септември 2018 (МИА) – Четирикратниот олимписки шампион Мајкл Џонсон закрепнува по претрпен послаб мозочен удар.

Легендарниот американски атлетичар, кој беше светски рекордер на 200 и 400 метри, преку својот Твитер профил соопшти дека минатата недeла имал „исхемичен мозочен удар“.

- Добрата вест е што повторно сум дома со семејството, дека немам никакви срцеви проблеми и дека сум на вистински пат кон целосно заздравување, нагласи Џонсон.

Тој во текот на кариерата освои осум олимписки злата, а во Атланта во 1996 година стана првиот атлетичар кој ги освоил златните медали на 200 и 400 метри на исти Олимписки игри. Тој се повлече четири години подоцна, откако ја одбрани титулата на 400 метри на Олимписките игри во Сиднеј. дб/гт/17:35

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ