• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Пандев: Играта се заборава, резултатот се памти

Пандев: Играта се заборава, резултатот се памти

Скопје, 9 септември 2018 (МИА) – Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев изнуди пенал и постигна гол во триумфот над Ерменија по кои „црвено-жолтите“ ја продолжија серијата од девет натпревари без пораз.

Македонија победи со 2:0 и се зацврсти на првото место во Групата 4 од Лигата на нации.

- Тоа е најважно. Во минатото игравме добро и со силни репрезентации, а на крајот останувавме без бодови. Дојде време оваа селекција де реди победи. Имаме квалитет и искуство и во не многу убава игра за око, на крајот на ги освојуваме бодовите. А тие се најважни. Играта се заборава, резултатот останува, изјави Пандев.

Вториот натпревар од втората рунда во оваа група се игра вечерва и во него Лихтенштајн е домаќин на Гибралтар. зс/21:36

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.