Брестовац: Многуте повредени не спречија да постигнеме повеќе

Брестовац: Многуте повредени не спречија да постигнеме повеќе

Скопје, 10 септември 2018 (МИА) – Тренерот на Металург, Данило Брестовац по поразот од Нексе изјави дека неговиот „десеткуван“ тим не можеше повеќе.

Металург синоќа во Скопје загуби од хрватскиот тим со 27:32 што беше трет пораз за тимот од „Автокоманда“ во исто толку натпревари во регионалното ракометно натпреварување.

- Нексе не надигра во секој поглед. На овој натпревар моравме да се потпреме на само 8-9 играчи, затоа и малку се обидував да експериментирам. Во обид да ја подобриме нашата игра, веројатно направивме и грешки. Јас практикувам побрза и помодерна игра, за разлика од тоа што го одигравме вечерва. За жал, немавме можност да одиграме побргу, бидејќи таква е нашата ситуација денес, кога имаме голем број на повредени ракометари. Ни недостасуваат неколку играчи, кога би биле во комплетен состав сигурно би пружиле повеќе против екипа каква што е Нексе, изјави Брестовац. зс/08:23

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.