Манчини бара уште малку трпение за Балотели

Манчини бара уште малку трпение за Балотели

Лисабон, 10 септември 2018 (МИА) – Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација Роберто Манчини го поддржа напаѓачот Марио Балотели. Тој беше критикуван по ремито со Полска (1:1) во Лигата на нациите.

- Ова беше првиот официјален натпревар на сезоната. Има многу натпревари пред нас. Можеби Балотели не играше многу добро, но тој ја нема достигнато идеалната форма. Ова им се случува на сите. Ќе ја најдеме посакуваната формула. Имајте малку трпение. Се надевам дека за брзо време ќе се појави репрезентацијата што сакате да ја видите, изјави Манчини.

Италија вечерва од 20:45 часот гостува во Лисабон кај Португалија во Групата – 3 од Дивизијата А во Лигата на нациите. зс/09:16

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Олег Сенцов стана почесен граѓанин на Париз

Украинскиот филмски режисер осуден на 20 години за...

Британски математичар тврди дека пронашол решение за проблем стар 160 години

Еден од најистакнатите британски математичари, Мај...

Познатиот професионален убиец на ТВ-екраните стана модна икона

Ѕвездата од новата ТВ-серија „Убиствената Ив“, ист...

Премиерката на Нов Зеланд и нејзиното бебе - хит во ОН

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, која ов...

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...