• A-
  • A
  • A+
среда, 26 септември 2018, 

Илиевски: Очекувам борбен натпревар, Ерменија проба за следниот циклус

Илиевски: Очекувам борбен натпревар, Ерменија проба за следниот циклус

Скопје, 10 септември 2018 (МИА) – Македонската фудбалска репрезентација до 21 година утре ја пречекува Ерменија во квалификациски натпревар за Европското првенство 2019. Селекторот Добринко Илиевски очекува тежок дуел, бидејќи, како што рече, ривалот ќе сака реванш за поразот во Ерменија.

- Се работи за цврста репрезентација, која на фаворитите им даде отпор. Играат агресивен фудбал. Во Скопје доаѓаат да се надигруваат и да бараат реванш за поразот во Ереван. Очекувам борбен натпревар, противник кој ќе „гризе“ на теренот, но тоа и нас ќе ни биде генерална проба за натпреварите во следниот циклус, изјави Илиевски.

Тој ги повика неговите избраници да го заборават претходниот дуел со Ерменците кои против посилните селекции покажале завиден квалитет.

- Натпреварот во Ереван го оставаме зад нас. Целиот меч тогаш беше во наша полза. Кога водевме, противникот тргна напред и како еден единствен натпревар не може да зборуваме дека тој противник е слаб, или дека ние сме подобри. Подоцнежните натпревари на Ерменија покажуваат дека сите натпревари ги играа квалитетно. Освоија седум бода, се работи за сосема добар и квалитетен противник, без разлика на сликата од претходниот меч, рече Илиевски.

Натпреварот од У21 возраста меѓу Македонија и Ерменија се игра утре на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје со почеток од 15:30 часот. зс/14:31

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Кина ќе ги проучува поларните области на Месечината

Кина има намера до 2030 да испрати апарат кој ќе г...

Казна за непристојните во градскиот превоз

Многумина, поготово момчињата имаат навика во авто...

Мел Гибсон снима преработка на „Дивата орда“

Познатиот глумец и режисер Мел Гибсон ја подготвув...

Почина уште еден актер од серијата „Синови на анархијата“, втор во три месеци

Глумецот Пол Џон Васкез, кој е познат по улогата в...

Вили на Босфорот се продаваат за цени и до 100 милиони долари

Шеесет луксузни вили на Босфорот, т.е. во Истанбул...