• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Македонија У19 го освои второто место на Купот на федерации во Летонија

Македонија У19 го освои второто место на Купот на федерации во Летонија

Рига, 10 септември 2018 (МИА) -  Репрезентацијата на Македонија за фудбалери до 19 години го освои второто место на меѓународниот турнир Куп на федерации во Летонија каде освен нашиот национален тим учествуваше домашната селекција, како и Украина и Фарските Острови.

Македонските фудбалери денеска остварија победа од 1:0 над Фарските Острови. Единствениот гол го постигна Енсар Лума во 90-тата минута од натпреварот.

За Македонија ова беше втора победа на турнирот во Летонија, откако претходно ја совлада домашната селекција со 2:1, а двата гола ги постигна Бојан Колевски.

Македонската репрезентација единствениот пораз го претрпе од Украина со резултат 2:0. Токму украинската репрезентација го освоија турнирот со максимални девет бодови, а Македонија остана втора со шест бодови.дб/сст/18:38

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ