Навивачите со петиција бараат Раиконен да остане во Ферари

Навивачите со петиција бараат Раиконен да остане во Ферари

Монца, 10 септември 2018 (МИА) – Над 75.000 навивачи се потпишаа на петицијата со која се бара од Ферари да го задржи возачот Кими Раиконен уште една година во својот тим.

Во петицијата се потенцира дека не постои оправдување за отказот на финскиот возач, кој во 2007 година беше светски шампион.

И покрај големиот одѕив, малите се шансите тој да повлијае врз одлуките на раководството на Ферари, особено откако од италијанскиот клуб го посочија младиот возач Шарл Леклер за негов наследник.

Раиконен во октомври ќе наполни 39 години и во моментов е највозрасниот активен возач во Формула 1.дб/ 19:15

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Дени де Вито на фестивал во Шпанија добитник на наградата за животно дело на

Американскиот актер Дени де Вито е добитник на наг...

Порномодел ги продава старите силикони за да си купи нови

Британскиот порно модел Тејлор Роуз ги постави сво...

Ел Макферсон во врска со разведен татко на четири деца

Светски познатиот модел Ел Макферсон која неодамна...

Емилија Кларк на невообичаен начин се опрости од серијата „Игра на тронови“

Британската актерка Емилија Кларк на невообичаен н...