Скалони ја чува „десетката“ за Меси

Скалони ја чува „десетката“ за Меси

Буенос Аирес, 11 септември 2018 (МИА) – Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, и натаму смета на неговиот имењак Меси, и покрај тоа што фудбалерот на Барселона не беше во составот на „гаучосите“ на последните пријателски натпревари.

- Дресот со број 10 и натаму е резервиран за Меси. Тоа ќе биде така сѐ додека тој не одлучи дефинитивно за својата репрезентативна кариера, изјави Скалони.

Лионел Меси по завршувањето на Светското првенство во Русија изјави дека најверојатно става крај со настапите за националниот тим. Сепак, тој сѐ уште нема донесено конечна одлука.

Аргентина во саботата без Меси во составот ја победи Гватемала со 3:0 на дуел одигран во Лос Анџелес, САД. зс/07:37

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Британски математичар тврди дека пронашол решение за проблем стар 160 години

Еден од најистакнатите британски математичари, Мај...

Познатиот професионален убиец на ТВ екраните стана модна икона

Ѕвездата од новата ТВ серија „Убиствената Ив“, ист...

Премиерката на Нов Зеланд и нејзиното бебе - хит во ОН

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, која ов...

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...