• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Ракитиќ: Меси најдобар на сите времиња, но ова беше година на Модриќ

Ракитиќ: Меси најдобар на сите времиња, но ова беше година на Модриќ

Барселона, 11 септември 2018 (МИА) – Фудбалерот на Барселона и хрватски репрезентативец Иван Ракитиќ смета дека неговиот колега од репрезентацијата Лука Модриќ треба да ја освои наградата за најдобар играч изминатата сезона.

- За мене најдобар играч на светот на сите времиња е Лионел Меси. Тоа ќе ви го кажат многумина. Но, да бидам искрен, ова беше година на Лука Модриќ. Тоа го знаат сите, вклучувајќи го и самиот Меси, изјави ракитиќ.

Лука Модриќ минатата сезона со Реал Мадрид ја освои Лигата на шампионите, со Хрватска играше финале на Светското првенство и е меѓу тројцата номинирани од ФИФА за најдобар фудбалер на годината.

Во конкуренција на Модриќ се наоѓаат Мохамед Салах и Кристијано Роналдо, а по подолго време таму не е Лионел Меси. зс/08:04

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...

Мајкл Џордан донираше два милиона долари за Северна Каролина

Поранешната НБА ѕвезда Мајкл Џордан донираше два м...