Пресвртот на Турција против Шведска во режија на Акбаба (видео)

Пресвртот на Турција против Шведска во режија на Акбаба (видео)

Стокхолм, 11 септември 2018 (МИА) – Турција забележа голема победа над Шведска синоќа во Стокхолм со резултатски пресврт, откако домаќините имаа водство со 2:0. Јунак во триумфот на Турците беше Емре Акбаба.

Фудбалерот на Галатасарај во игра влезе од клупата за резерви во 62.минута и во самиот финиш негативата на турската репрезентација ја претвори во победа.

Акбаба најпрво во 88.минута изедначи на 2:2, а потоа во третата минута од судиското надополнување и донесе победа на неговата земја.

Натпреварот се играше во рамките на Групата-2 во Б-дивизијата од Лигата на нации. зс/09:21

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.