• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Симеоне: Со заминувањето на Роналдо, Реал и Атлетико се на приближно ниво

Симеоне: Со заминувањето на Роналдо, Реал и Атлетико се на приближно ниво

Мадрид, 11 септември 2018 (МИА) – Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, верува дека неговиот тим е речиси на исто ниво со Реал. Според него, тимовите се израмнети откако Кристијано Роналдо го напушти Реал.

- Кога Роналдо замина, ние се доближивме до Реал. Секогаш се стремиме кон победи. Уверен сум дека сме претенденти за шампионскиот трофеј. Дури и кога бевме трети ние се боревме до крај, изјави Симеоне.

Атлетико немаше многу добар старт во Ла Лига. Тимот предводен од Симеоне по три рунди има една победа, еден нерешен исход и еден пораз.

На врвот се Барселона и Реал Мадрид со максимални три победи. зс/09:45

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.