Во отсуство на Кејн, Дајер со капитенската лента ќе ја предводи Англија на дуелот со Швајцарија

Во отсуство на Кејн, Дајер со капитенската лента ќе ја предводи Англија на дуелот со Швајцарија

Лечестер, 11 септември 2018 (МИА) – Во отсуство на Хари Кејн, капитенската лента во англиската фудбалска репрезентација на вечерашниот пријателски дуел со Швајцарија ќе ја носи Ерик Дајер.

Селекторот на „Гордиот Албион“, Герет Саутгејт, одлучи за овој меч да го одмори Кејн и неговата улога на предводник на тимот да му ја довери на Дајер, објави Скај спорт.

Саутгејт има намера да направи неколку замени и да им даде шанса на повеќе играчи што не се стандардни во првиот состав на националниот англиски тим.

Во натпреварот од Лигата на нациите, Англија во саботата на свој терен загуби од Шпанија со 2:1.

Овој пораз за Англичаните беше трет во низа.

Натпреварот Англија – Швајцарија се игра во Лечестер вечер со почеток во 21 часот. зс/11:11

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Олег Сенцов стана почесен граѓанин на Париз

Украинскиот филмски режисер осуден на 20 години за...

Британски математичар тврди дека пронашол решение за проблем стар 160 години

Еден од најистакнатите британски математичари, Мај...

Познатиот професионален убиец на ТВ-екраните стана модна икона

Ѕвездата од новата ТВ-серија „Убиствената Ив“, ист...

Премиерката на Нов Зеланд и нејзиното бебе - хит во ОН

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, која ов...

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...