МКФ им ги исплати премиите на сениорите

МКФ им ги исплати премиите на сениорите

Скопје, 11 септември 2018 (МИА) - Македонската кошаркарска федерација денеска им ги исплати ветените премии на членовите на репрезентацијата во машка сениорска конкуренција, која го освои првото место во групата во рамките на првата фаза од претквалификациите за Евробаскет 2021, соопшти МКФ.

Со три победи од вкупно четири одиграни натпревари сениорите се стационираа на првото место на табелата во групата А и се пласираа во втората фаза од претквалификациите, која ќе почне да се одигрува тековната седмица, а ќе заврши во февруари идната година.

- Македонската кошаркарска федерација се надева дека наградата за постигнатиот успех ќе биде дополнителен мотив за сите членови на репрезентацијата за периодот што следува, стои во соопштението на МКФ.

Македонија в четврток му гостува на Косово, а три дена подоцна ја пречекува Романија. зс/13:10

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.