Ла Лига, Жирона и Барселона побараа за одигрување на натпревар во САД

Ла Лига, Жирона и Барселона побараа за одигрување на натпревар во САД

Барселона, 11 септември 2018 (МИА) – Раководствата на Ла Лига и на клубовите Жирона и Барселона побараа дозвола од Фудбалската федерација на шпанија да одиграат првенствен натпревар во САД.

Писмото со барање за одигрување на средба надвор од матичната држава го потпишаа Хавиер Тебас (Ла Лига), Делфи Гели (Жирона) и Жозеп Мариа Бартомеу (Барселона).

Дуелот меѓу двата Каталонски тима е закажан за 26 јануари во Мајами на „Хард Рок “ стадионот.

Одлуката да се одржат најмалку еден натпревар од шампионатот на Шпанија во САД е поврзана со спогодбата за партнерство за промовирање на фудбалот во Северна Америка, донесена во август оваа година.

Претходно играчите од Ла Лига категорично го отфрлија предлогот за одигрување натпревар на американскиот континент. зс/13:22

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.