• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Чешка остана без селектор по дебаклот со Русија

Чешка остана без селектор по дебаклот со Русија

Прага, 11 септември 2018 (МИА) - Карел Јаролим поднесе оставка од селекторската позиција во чешката фудбалска репрезентација по поразот од Русија со 5:1 во пријателскиот дуел одигран вчеравечер во Ростов.

Во наредните денови, Фудбалската асоцијација на Чешка ќе се сретне со кандидати кои би можеле да го наследат Јаролим на селекторското место.

62-годишнито Јаролим ја предводеше Чешка од 2016 година. Под негово водство, репрезентацијата не успеа да се квалификува на Светското првенство 2018 година, освојувајќи трето место во групата зад Германија и Северна Ирска. зс/14:16

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.