Ноа на крајот на годината ја напушта селекторската функција во Франција

Ноа на крајот на годината ја напушта селекторската функција во Франција

Париз, 11 септември 2018 (МИА) – Поранешниот француски тенисер Јаник Ноа, на крајот на година ќе ја напушти селекторската функција на „триколорите“ кога ќе истече неговиот трет мандат.

Ноа има можност да ја брани титулата светски шампиони освоена минатата година со победата над Белгија во Лил.

Франција во полуфиналето од Дејвис Купот се среќава со Шпанија.

Пред француската репрезентација е голам шанса за ново финале, бидејќи Шпанија во Лил ќе настапи без повредениот Рафаел Надал, во моментов прв светски рекет. зс/14:26

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.