• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Лихштајнер размислува за откажување од фудбалот

Лихштајнер размислува за откажување од фудбалот

Лондон, 11 септември 2018 (МИА) - Дефанзивецот на Арсенал, Стефан Лихштајнер планира да ја заврши својата фудбалска кариера кон крајот на годината. 
 
Швајцарецот премина во англискиот клуб во текот на летото како слободен агент од Јувентус, но досега одиграл само 55 минути во четири официјални средби. 
 
Триесет и четири годишниот дефанзивец не е навикнат да биде втор избор и токму поради оваа причина веќе размислува сериозно за откажување од фудбалот.
 
- Ако разберам дека не сум на вистинско ниво, не би се откажал само од репрезентацијата, туку ќе ја завршам фудбалската кариера. Во текот на летото ме бараа пет клубови, кои ми гарантираа место во првиот тим. Но, сакав да одам во голем клуб. Барав голем предизвик и знаев дека во Арсенал требаше да се борам со Ектор Белерин. Сепак, невообичаено е да бидам замена. Во првите три натпревари бев на клупата. Ова е нешто што никогаш не ми се случило, изјави швајцарскиот дефанзивец. вз/15:40

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...